мвр

Министерот Тошковски оствари билатерална средба со бугарскиот амбасадор, Жељаско Радуков

28.02.2025 15:25

На средбата се разговараше за плановите и начините за продлабочување на полициската соработка преку склучување на Акциски план или програма за соработка помеѓу двете министерства. Во планот ќе се ревидираат планираните и веќе започнатите активности и се планира отпочнување на нови...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета со амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Жељаско Радуков.

На средбата се разговараше за плановите и начините за продлабочување на полициската соработка преку склучување на Акциски план или програма за соработка помеѓу двете министерства. Во планот ќе се ревидираат планираните и веќе започнатите активности и се планира отпочнување на нови.

Министерот Тошковски преку оваа средба го покани новоименуваниот бугарски министер за внатрешни работи, Даниел Митов во официјална посета на Македонија и МВР, посета која би била од силно значење на натамошно зајакнување на соработката во полето на безбедноста.

Двете страни изразија заеднички став дека од суштинско значење е да се продолжи да се работи на граничната и безбедносната соработка, релација која ќе придонесе и во надминување на предизвиците кои постојат меѓу двете страни.