СДСМ бара оставка од министерката Димитриеска-Кочоска
Упатените зборови кон Петровска ги нарекоа нечовечни, дискриминаторски и срамни.

Пратеничката група на СДСМ од пред Министерството за финансии побара оставка од министерката Димитриеска-Кочоска, поради, како што велат упатените навреди кон нивната сопартијка Славјанка Петровска. Упатените зборови кон Петровска ги нарекоа нечовечни, дискриминаторски и срамни.
„Министерка која понижува граѓанка на оваа држава, која навредува пратеничка, која шири дискриминација, не заслужува да води министерство, не заслужува да седи во влада која тврди дека работи за сите граѓани. Затоа, денес сме тука, гласно и јасно да побараме – Гордана Кочоска мора да си поднесе оставка. Оставка ќе бараме секој ден додека не си оди од функцијата. Само така може да ги заштитиме граѓаните од идна дискриминација“, нагласи пратеничката на СДСМ, Тренчевска.
Од партијата прашуваат зошто нема реакција од потпретседателката на Собранието, Бендевска која беше дел од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација.
