Македонија

Димитриеска- Кочоска: Немав намера да навредам никого

28.02.2025 12:58

Никогаш немав и нема да имам намера да ја навредам лично, ниту, пак, да ја сведам дебатата на личен контекст. Јас сум личност од која никогаш нема да слушнете лични навреди, вели министерката за финансии...

Ја разбирам хистеријата која СДС и нивните ботови ја шират околу мојот политички дуел во Собранието со Славјанка Петровска, напиша министерката Димитриеска-Кочоска на Фејсбук.

Никогаш немав и нема да имам намера да ја навредам лично, ниту, пак, да ја сведам дебатата на личен контекст. Јас сум личност од која никогаш нема да слушнете лични навреди, и жалам што дел од јавноста е манипулирана во тој контекст, и жалам што погрешно беа разбрани моите зборови, вели Димитриеска-Кочоска.

Што се однесува до моите зборови кон Славјанка Петровска која лично како жена сум ја бранела кога многу други ја напаѓале, беа извадени од контекст и се толкувани како лична навреда- вели министерката за финансии.