Кошаркарите во Загреб на „генералка“
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација отпатува за Загреб каде што утре треба да одигра контролен дуел со Хрватска.
Ќе биде тоа „генералка“ за избраниците на Александар Џикиќ пред стартот во квалификациите за идното Европско првенство.
Нашата експедиција во Загреб ќе игра без Дамјан Стојановски, кој се пожалил на повреда, па стручниот штаб решил да не ризикува.

Ќе го нема и претходно повредениот Бојан Крстевски, но проблемите и со двајцата не се посериозни и тие ќе конкурираат за место во тимот пред првиот квалификациски дуел со Белгија дома на 10-ти август.