Ограничени маржи
Инспекторите проверуваат дали се намалени цените
28.02.2025 13:23
Како што информира министерот за економија, Бесар Дурмиши казните се во висина меѓу 500 до 10 илјади евра, па и затворање на маркетите во траење од 15 дена...

Дали маркетите ги почитуваат мерките на Владата за замрзнати цени и ограничени маржи? Државниот пазарен инспекторат ќе спроведе контрола во над 1.000 трговски објекти до крајот на неделава. Како што информира министерот за економија, Бесар Дурмиши казните се во висина меѓу 500 до 10 илјади евра, па и затворање на маркетите во траење од 15 дена.
Борис Грујоски ја следеше прес-конференцијата во Министерството за економија и труд.
