Временска прогноза

Променливо облачно со повремен локален дожд за викендот

28.02.2025 17:46

Утре ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд, во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд...

Денеска во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на ретки грмежи. И утре ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд, соопшти УХМР.

Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2) и дневните температури ќе бидат пониски. Во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Од понеделник времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.