97-ми ОСКАРИ ексклузивно на МТВ
Пренос од Лос Анџелес, недела по полноќ, од 00.30 Црвена патека, во 01 часот 97-мо доделување на наградите Оскар. Скратена снимка ќе ја емитуваме во понеделник од 21.15...

Македонската Телевизија ексклузивно ќе го прикажува 97-то доделување на Оскарите, најпрестижните филмски награди во светот, на 2 март 2025 година, во ноќта недела на понеделник.
Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2024 година. Најавено е присуство на бројни филмски и музички ѕвезди, кои ќе настапат или ќе бидат презентери на наградите.
Преносот ќе започне триесет минути по полноќ со Црвената патека пред театарот Долби во Холивуд и пристигнувањето на најголемите имиња од филмската индустрија, кратки интервјуа со номинираните и со поранешни добитници на Оскар.
Во еден часот по полноќ започнува 97-та Оскаровска церемонија која ќе ја води Конан О'Брајан, а многу холивудски имиња ќе бидат дел од шоуто, како Роберт Дауни џуниор, Килијан Марфи, Опра Винфри, Хале Бери, Скарлет Јохансон, Голди Хон, Селена Гомез и многу други.
Скратената двочасовна снимка „97-ми Оскари: Победници“ ќе се емитува во понеделник од 21.15.
