Предлогот за разрешување на Коцевски сè уште не е доставен до Советот на јавни обвинители
Обвинителката Наташа Крстевска-Цалева останува да раководи со скопското Вишо обвинителство барем до следната седница на Советот на јавни обвинители. Предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски сè уште не е доставен до Советот на јавните обвинители – информираше претседателката на телото Димитриеска...

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски сè уште не е доставен до Советот на јавните обвинители – информираше претседателката на телото Димитриеска. Таа не откри какво мислење ќе даде Советот, но рече – законот ќе се почитува.
Владата може, но не мора да го прифати мислењето на Советот. Оттаму веќе најавија дека ќе ја спроведат постапката и ќе побараат од Собранието да го разреши обвинителот Коцевски.
Вицепремиерот Николоски порача дека Владата работи на подобрување на состојбите во судството и во обвинителството, зашто граѓаните очекуваат правда.
Советот одлучи на наредната седница да го разгледа барањето на раководителката на Вишото скопско обвинителство, Наташа Крстевска-Цалева за нејзина смена од челната функција. Советот чека сите членови да бидат присутни на седницата. Крстевска-Цалева беше назначена за раководител по суспензијата на Хајрулахи, на предлог на Коцевски. Но, таа самата побара да биде заменета со поискусен колега, бидејќи проценила оти нема доволно искуство, а имала и многу заостанати предмети за работа.
Анита Димитријевска – Велковска
