Политика

Средба Мицкоски- Ердоган, ќе се основа Совет за соработка на високо ниво

28.02.2025 14:21

Овој Совет ќе претставува важен механизам за продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во посета на Турција, каде оствари средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Како што објави премиерот на социјалните мрежи, на средбата е потврдена заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Во таа насока, како што наведе Мицкоски, ќе биде потпишана Заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција.

Овој Совет ќе претставува важен механизам за продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.

Убеден сум дека оваа иницијатива ќе придонесе за нови можности и уште посилни врски меѓу нашите народи, вели премиерот Мицкоски.