Гаши: Без блокади на патот кон ЕУ
Уставните измени за внесување на Бугарите во највисокиот правен акт се сензитивно прашање за кое европските претставници со кои Гаши оствари средба изминативе денови имаат разбирање...

Во март седница за интерпелација на 5-те судиите на Судскиот совет. Претседателот на Собранието, Африм Гаши потврди дека до него ги доставиле одговорите, и истите ќе бидат проследени до пратениците најдоцна до понеделник.
Уставните измени, пак, за внесување на Бугарите во највисокиот правен акт се сензитивно прашање за кое европските претставници со кои Гаши оствари средба изминативе денови имаат разбирање, бидејќи задираат во идентитетските прашања-посочи претседателот на Собранието.
Според него, ЕУ очекува да ги имплементираме, но не поставува рокови. Упатува на политички договор со официјална Софија.
Претседателот на Собранието изрази жалење за расправијата меѓу пратеничката од СДСМ Петровска и министерката за финансии Димитриеска-Кочоска. Повика да се задржи политичката култура во домот на демократијата, и сите да се воздржат од говор на омраза.
Што се однесува до измените на Кривичниот законик и Законот за електронски комуникации, претседателот на законодавниот дом рече дека сè уште немаат добиено известување од Уставниот суд. А кога ќе го добие, ќе постапи согласно Деловникот на Собранието.
Марина Стојанова-Тонева
