Кривичен суд

Мерки на претпазливост за 10 лица уапсени во акцијата во истражниот затвор „Скопје“

28.02.2025 15:15

Кривичниот суд определи мерки на претпазливост за десеттемина осомничени, меѓу кои и поранешниот директор на затворот во Шуто Оризари, кој им овозможувал на осуденици, незаконски да бидат повремено ослободувани…

Мерки на претпазливост за осомничените кои беа уапсени во акцијата во Истражниот затвор во Скопје. Ваква одлука донесе судија на претходна постапка по барање на Обвинителството.

„По произнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на 10 лица им определи мерки за претпазливост“, велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Министерот Тошковски вели, затворот во Шутка функционирал како туристичко-угостителско правно лице, а не како институција која треба да се грижи за притвореници. Кажа дека таму имало привилегирани лица, со амин на менаџерските структури.

Истрагите во затворите се покренати по извршените надзори. Констатирани низа нерегуларности во работењето на затворски полицајци, но и на директори кои раководеле со казнено-поправните установи.

Наташа Гркова-Петрушевска