Македонија

СДСМ побара оставка од министерката за финансии поради упатените навреди кон Петровска

28.02.2025 15:02

Пратеничката група на СДСМ од пред Министерството за финансии побара оставка од министерката Димитриеска-Кочовска, поради, како што велат упатените навреди кон нивната сопартијка Славјанка Петровска. Упатените зборови кон Петровска ги нарекоа нечовечни, дискриминаторски и срамни. Веќе изразив жалење рече министерката, посочи дека немала намера да навреди никого...

Кога министерка ќе се осуди да каже дека една жена не може да зборува за семејството само затоа што нема деца, тогаш тоа не е само навреда, тоа е удар врз достоинството на сите. СДСМ во одбрана на пратеничката Петровска, партијата побара оставка од министерката за финансии, Димитриеска-Кочоска.

Веќе изразив жалење, но и народот има поважни теми од лажната тема кој ја создава опозицијата за дефокус, рече министерката. Таа посочи дека немала намера да навреди никого. Оставка нема да поднесе оти за неа, оваа тема е затворена.

Пратеничката група на СДСМ, пак најави дека ќе побара итна седница на Комисијата за дискриминација на која ќе се расправа за однесувањето на министерката, но и за поширокиот проблем на дискриминација во институции врз основа на полова припадност.

Викторија Милевска