Грција

Жестоки судири на протестите во Атина, полицијата употреби солзавец

28.02.2025 15:47

Навидум мирните протести во Атина и Солун поради железничката несреќа пред две години во долината Темпи во Грција, при којашто загинаа 57 патници, најмногу студенти, прераснаа во немири со молотови коктели, со повредени и со уапсени. Во средиштето на немирите, централниот плоштад синтагма во грчката престолнина. Каде што интервентната полиција имаше полни раце работа. Асоцијацијата на родителите и на роднините на жртвите“ не можам да дишам“ со поддршка на сите грчки синдикати кои организираа генерален штрајк.

Камења и молотови коктели кон полиција којашто одговори со солзавец, со гасни и со шок бомби. Во судирот учествуваа илјадници демонстранти и околу пет илјади полицајци. По плоштадот Синтагма, немирите се проширија и во центарот на Атина. Запален беше и споменикот на незнајниот војник, пред парламентот гореа куќичките на почесната грчка гарда.

„Овој криминал никогаш нема да го заборавиме. Ја бараме сета политичка и криминална одговорност, да бидат казнети сите кои се одговорни. Ќе направиме се што треба да се направи“, вели Марија Вродули, студентка.

„Вакво учество се очекуваше денеска. Тоа е наша должност кон 57-те загубени души“, рече Антонис Памфилис, лидер на родителската асоцијација „Палини“.

На демонстрациите се носеа банери меѓу кои доминираше насловот „Нема покритие“. Со кое право судите ако луѓето се на улица? Во немирите се повредени триесетина демонстранти, меѓу кои и претставници од медиумите.

Пред протестите полицијата приведе над 80 луѓе, од нив на 40-на им е одреден притвор. Асоцијацијата на жртвите од Темпи организираше над триста демонстрации низ светот.

Во трагичната железничка несреќа во Темпи, меѓу патничкиот и товарниот воз на линијата Атина-Солун, пред две години загинаа 57-мина, 85-мина беа повредени. Истрагата утврди, во прашање била човечка грешка во директниот судир при брзина од 100 километри на час.

Зоран Богатинов