Променливо облачно и релативно топло со повремен локален дожд
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и релативно топло со појава на магла по одделни котлини во претпладневните часови, а во текот на денот ќе има услови за повремени врнежи од дожд...

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и релативно топло со појава на магла по одделни котлини во претпладневните часови, а во текот на денот ќе има услови за повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура се движи во интервал од еден до девет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така се очекува променливо облачно и релативно топло со појава на магла во делови од котлината и услови за слаб дожд. Се очекува да дува слаб ветер од југоисточен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.
