Свет

Жестока расправија меѓу Трамп и Зеленски пред медиумите во Овалната соба

01.03.2025 09:37

Посетата на украинскиот претседател Зеленски на Белата куќа, прекината порано од планираното. Имаа жестока расправија со Трамп пред медиумите, во Овалната соба. Зеленски ја напушти Белата куќа, а беше откажана и заедничката прес-конференција на која требаше да се потпише и договорот за минерали...

Посетата на украинскиот претседател Зеленски на Белата куќа, прекината порано од планираното. Имаа жестока расправија со Трамп пред медиумите, во Овалната соба. Зеленски ја напушти Белата куќа, а беше откажана и заедничката прес-конференција на која требаше да се потпише и договорот за минерали. По средбата Зеленски – Трамп, Стејт департментот ја прекинува поддршката за обнова на енергетската мрежа на Украина!

Веднаш по заминувањето од Белата куќа, украинскиот претседател им се заблагодари на САД, на американскиот претседател, на Конгресот и на американскиот народ.

„На Украина ѝ треба праведен и траен мир, а ние работиме токму на тоа“, рече Зеленски.

Реакции и од европските лидери. Францускиот претседател Макрон и полскиот премиер Туск му порача на Зеленски дека не се сами.

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев пак не бираше зборови. Трамп е во право-режимот во Киев се „коцка со третата светска војна!