Трговија

18,5% раст на извозот од почетокот на годинава

05.08.2014 10:09

Над половина, односно 52,7% од производите од Македонија се извезуваат во Германија, Велика Британија, Грциа, Србија и Италија...

Раст за 18,5 проценти бележи извозот од почетокот на годинава. На странските пазари, најмногу во Германија, Грција и во Србија се извезувале катализатори, феросилициум и фероникел.

Вкупниот извоз во првите пет месеци изнесува над 1,9 милијарди американски долари. Од вкупниот извоз 423.844 илјади долари се вредност на извезени хемиски и сродни производи, 398,547 илјади на машини и транспортни уреди, 392.361 илјада на производи класирани според материјалот, 371.679 разни готови производи, 144.272 илјади се храна и живи животни ...

Над половина, односно 52,7% од производите од Македонија се извезуваат во Германија, Велика Британија, Грциа, Србија и Италија.

Кон Германија вредноста на извозот е 813.694 илјади долари, Бугарија 132.478 илјади долари, Италија 128.378 илјади, Србија 102.491 илјади и Грција 96.414 илјади долари.

Според надлежните, извозот го раздвижија новите инвестиции. Извозот од зоните во првите шест месеци изнесува над 550 милиони евра и повеќе од двојно е зголемен во однос на првите шест месеци од минатата година.

Се очекува извозот во втората половина од годинава да биде позасилен.