Издадени насоки за итно постапување за кривични дела против безбедноста во сообраќајот
По одржаниот координативен состанок со полициските служби од СВР-Скопје, наложено е итно постапување во ситуации кога при сообраќајна несреќа, возачот немал возачка дозвола, поминал на црвено, возел пребрзо или под дејство на алкохол, возел во спротивна насока или преминал на полна линија...

Обвинителството издаде насоки за постапување при сторени прекршоци во сообраќајот. По одржаниот координативен состанок со полициските служби од СВР-Скопје, наложено е итно постапување во ситуации кога при сообраќајна несреќа, возачот немал возачка дозвола, поминал на црвено, возел пребрзо или под дејство на алкохол, возел во спротивна насока или преминал на полна линија.
Итна постапка ќе се води и во ситуации каде возачот го напуштил местото на несреќата и не укажал помош на повредените. Тоа, на јавниот обвинител ќе му овозможи да изврши проценка дали и со какви мерки треба да го обезбеди сторителот, за кого треба да се достават и сите прекршочни и кривични пријави. Целта, велат од Обвинителството е да се овозможи поефикасен кривичен прогон на сторителите на вакви дела.
