Македонија

Телефонски разговор Радев – Сиљановска Давкова

01.03.2025 13:27

Претседателот на Бугарија, Румен Радев и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор, соопшти прес-секретаријатот на претседателската институција...

Претседателот на Бугарија, Румен Радев и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор, соопшти прес-секретаријатот на претседателската институција.

Двајцата разговараа за важноста на конструктивниот дијалог на највисоко ниво меѓу двете земји, вклучително и во мултилатералните формати.

Овој дијалог е од особено значење како за градење стабилна основа за развој на билатералните односи, така и за справување со регионалните и глобалните предизвици поврзани со обезбедувањето безбедност, борбата против тероризмот и борбата против илегалната миграција, се наведува во информацијата од Кабинетот на бугарскиот претседател Радев.

 

 

Фото: Архива