Карневалско дефиле вечерва во Струмица
Струмица од синоќа пулсира под маски. Градот е полн со карневалисти кои вечерва ќе ги презентираат своите креации. На големиот маскенбал избрани и принцот и принцезата кои вечерва ќе бидат на чело на карневалската поворка...

Митко и Катерина Дрвошанови како модерен лик и Афродита – божица на убавината, ќе го предводат вечерашново карневалско дефиле во Струмица. Тие се избрани за принц и принцеза на карневалот.
Шаренило од бои понуди маскенбалот во Струмица. Гости од земјава и странство со различни костими и пораки
Годинава на струмичкиот карневал има гости и од Хрватска, Србија Црна Гора, Бугарија.
На маскенбалот маскиран беше и првиот човек на градот со партнерката. Беа облечени како викинзи
Големото карневалско дефиле ќе биде вечерва на ќе учествуваат 35 маски со околу 1.000 маскирани лица.
Ване Трајков
