Масовен студентски протест во Ниш
Масовен студентски протест со над 100.000 граѓани со поддршка на студентските барања и со изгласување на студентски едикт против неправда, корупција и неефикасен систем...

Со денови илјадници студенти од повеќе страни, белградските и новосадските студенти од Бор и Зајечар, крагуевачките студенти и средношколци од правецот на Ужице, Краљево и Крушевац, граѓани од Бујановац, Врање и Лесковац, од цела Србија, пеш или со велосипеди, пропратени со голема емпатија, емоција и помош во храна и ноќевање, се упатија денес во Ниш на голем студентски протест.
Во Ниш во организација на студентите од универзитетот во овој град од утринава се одржува 18-часовен протест и блокада на целиот град, на кој има над 100.000 граѓани, студенти и поддржувачи на барањата на студентите. На протестот под името „Студентскиот едикт“ упатена е порака против неправдата, корупцијата и неефикасноста на системот, со повик за преминување од апатија во акција и борба за подобра иднина. Студентите очекуваат овој едикт да биде пресвртница и почеток на промените, а најавија нов протест на 15-тимарт во Белград.
„Нашите барања не се исполнети и ќе одиме до крај, се до нивното целосно исполнување. На овој Студентски едикт ќе порачаме корупцијата во Србија да мора да застане“, вели студент од Ниш.
„Студентскиот едикт е нешто на што се надеваме дека ќе ги промени работите што се случуваат и она што се наши барања, и наскоро ќе ги видете последиците од ова што се случува денес. Протестот ќе трае сè додека не се исполнат барањата и додека институциите не почнат да работат“, порача студентка од Ниш.
Претседателот Вучиќ изјави дека сите барања на студентите се исполнети, во тек е секојдневна акција на апсења на лица против корупцијата.
За 4-ти март е закажана седница на собранието на која ќе се усвои четвртото барање за подобрување на студентскиот стандард, и ќе се усвои оставката на премиерот Вучевиќ, по што тече рокот од 30 дена за назначување на мандатар на новата влада.
Оливер Бранковиќ
