ПКК објави прекин на огнот со Турција
Курдската работничка партија – ПКК објави прекин на огнот со Турција. Ова следуваше по апелот на нејзиниот лидер, Абдула Оџалан кој повика на положување на оружјето што може да стави крај на 40-годишниот конфликт со Анкара...

Курдската работничка партија – ПКК објави прекин на огнот со Турција. Ова следуваше по апелот на нејзиниот лидер, Абдула Оџалан кој повика на положување на оружјето што може да стави крај на 40-годишниот конфликт со Анкара.
ПКК побара ослободување на Оџалан, кој 26 години е зад решетки, каде отслужува доживотна казна на островот Имрали во близина до Истанбул.
Оџалан побара курдската работничка партија, која Турција и западните сојузници ја сметаат за терористичка организација, да одржи конгрес и формално да се согласи на самораспуштање.
