Состојбата на папата се влошува, доцна синоќа е приклучен на апарат за дишење
Респираторната состојба на папата Франциск, кој две недели е во болница, се влошува – соопшти Ватикан. Ова следува откако доживеал епизода на бронхоспазам, односно стегање на мускулите што ги обложуваат бронхиите во белите дробови...

Респираторната состојба на папата Франциск, кој две недели е во болница, се влошува – соопшти Ватикан. Ова следува откако понтифот доживеал епизода на бронхоспазам, односно стегање на мускулите што ги обложуваат бронхиите во белите дробови што довело до повраќање. На папата му била дадена неинвазивна механичка вентилација.
Поглаварот на Католичката црква веќе две недели се лекува од бронхитис и пневмонија во болница во Рим.
На плоштадот Свети Петар се собраа многу верници за да се помолат за здравјето на папата.
