Законско усогласување или договор за повисок минималец?
Овој месец минималната плата со законското усогласување од 22.500 треба да порасне на 24.400 денари. Синдикатите инсистираат на зголемување на минималната плата на 500 евра. Конечната одлука ќе ја донесе Економско-социјалниот совет во текот на месецот...

И синдикатите и бизнис секторот се согласни дека минималната плата треба да биде повисока од законското усогласување, со кое минималецот ќе изнесува околу 24.400 денари. Синдикатите бараат минимална плата од 30 илјади денари и го поддржуваат предлогот на работодавачите за замрзнување на придонесите
И граѓаните очекуваат минимална плата повисока од најавеното усогласување
Владата не покажува интерес за замрзнување на придонесите, велат од Организацијата на работодавачи, а стопанството, посебно текстилниот сектор нема капацитет за зголемување на платите над законското усогласување.
Пораст на платите во текстилниот сектор треба да има за да се задржат вработените, велат од текстилниот кластер.
Најниски просечни плати под 30 илјади денари во моментот земаат вработените во текстилниот сектор, кожарско чевларската индустрија, шумарството и заштитните компании.
Славица Величковска
