Економија

Цените на недвижностите на брегот на Охридското Езеро уриваат рекорди

02.03.2025 17:34

Екстра луксузните апартмани на најатрактивните локации на брегот на Охридското Езеро достигнаа цена од рекордни 4000 евра квадрат. Цените на недвижностите и натаму растат, но интересот за купување е голем...

Растат цените на недвижностите на брегот на Охридското Езеро. Екстра луксузните апартмани на најатрактивните локации достигнаа цена од рекордни 4.000 евра од квадрат. Цените на становите се движат од 1.200 до 2.500 евра, зависно од локацијата, староста и квалитетот на градбата.

Најскапите апартмани кои се нудат со отворен поглед кон езерото се наоѓаат во склоп на современи ресорти.

„Се работи за исклучителни објекти екстра луксузни ресорти од највисок ранг и стил коишто на клиентите им нудат комфор, релаксација, и тоа е добро за Охрид што конечно имаме таква понуда бидејќи имаме клиенти кои имале такви барања“, вели Наташа Спасеска, агент за недвижности.

Причината за високите цени е намалената понуда, а зголемената побарувачка. И покрај скапотијата недвижности се купуваат. Добрите познавачи прогнозираат дека нема да има намалување на цените.

„Најдобро е нивните заштедени средства да ги инвестираат во недвижен имот којшто претставува инвестиција од најцврста валута којашто вредност постојано расте во иднина со оглед на сето ова, јас сметам дека не можеме да очекуваме цените на недвижностите во Охрид ќе одат надолу“, додава Спасеска.

Врз поскапувањето влијание имаат и порастот на цените на градежните материјали, инфлацијата, но и препораките на УНЕСКО, новите станбени објекти се со многу помал габарит и катност.

Соња Рилковска