Тридневно примирје во Газа

05.08.2014 10:45

Израелските сили заземаат одбранбени позиции околу Газа...

Од изутринава во Газа е во сила ново, 72-часовно примирје, договорено во Египет, на средба со палестинските групи на која не присуствуваше израелски претставник.

Израелските сили заземаат одбранбени позиции околу Газа. Според извори, непосредно пред почетокот на примирјето, Хамас истелал серија ракети кон израелска територија, од кои дел паднале во Ерусалим. За сега нема информации за жртви или за повредени.

Во текот на ноќта, по истекот на вчерашниот 7-часовен прекин на огнот што еднострано го прогласи Тел Авив, војската ги продолжи операциите во појасот.

Во борбите до сега загинаа над 1.800 палестинци и 67 израелци. Во досегашните краткотрајни примирја, двете страни непрекинато се обвинуваа за нивно прекршување.