Свет

Европските лидери на самит во Лондон посветен на Украина и на безбедноста

02.03.2025 09:04

Премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер ги собира европските лидери во Лондон за да разговараат за безбедносните гаранции што земјите можат да ги понудат на Украина во случај на прекин на огнот со Русија...

Премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер ги собира европските лидери во Лондон за да разговараат за безбедносните гаранции што земјите можат да ги понудат на Украина во случај на прекин на огнот со Русија.

На состанокот ќе присуствува и украинскиот претседател Зеленски, а се очекува да присуствуваат и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта.

Стармер и Макрон ќе реферираат за нивните средби во Вашингтон со американскиот претседател Трамп. Тие се обидоа да обезбедат американска воена поддршка во случај Москва да го прекрши потенцијалниот иден мировен договор.

Претходно, Велика Британија и Франција подготвија план за распоредување мировен контингент во Украина по мировниот договор и бараат поддршка од Трамп за тоа.