БЛИСКИ ИСТОК
Првата фаза од примирјето меѓу Израел и Хамас заврши без договор за продолжување
02.03.2025 10:11
Не престануваат борбите на Блискиот Исток. Првата фаза од примирјето меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа заврши без договор за продолжување...

Не престануваат борбите на Блискиот Исток. Првата фаза од примирјето меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа заврши без договор за продолжување.
Израелскиот преговарачки тим по неуспехот во разговорите го напшти Каиро и се врати во Тел Авив.
Хамас ја отфрли израелската формулација за продолжување на првата фаза за 42 дана, при што Хамас секоја недела би ослободувале по три заложници, во замена за Палестинци во израелските затвори. Хамас побара од меѓународната заедница да изврши притисок врз Тел Авив веднаш да премине на втората фаза без одлагање.
