Празник
Денеска е Прочка, празникот за проштевање и чистење на гревовите
02.03.2025 09:36
Православните христијани ја слават Прочка – симболот на простувањето. Прочка е еден ден пред почетокот на Велигденскиот пост...

Православните христијани ја слават Прочка – симболот на простувањето. Прочка е еден ден пред почетокот на Велигденскиот пост. Датумот на празникот се менува во зависност од датата на Велигден и секогаш е точно на седум недели пред Велигден.
Овој ден е голем празник за христијаните, ден кога луѓето си простуваат меѓу себе. Со празникот се поврзани и голем број на обичаи и верувања.
Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштавање меѓу луѓето.
Со Прочка завршуваат зимските и почнуваат пролетните празници.
