Бројот на студенти на УКЛО зголемен за 30 проценти
УКЛО Битола со 30 проценти зголемен број студенти во период на масовно иселување на младите од земјава. Европската диплома, поевтино студирање и соработка со работодавачите се причините кои ги оставија младите дома.

Додека средношколците масовно се иселуваат од Македонија за студии во земјите од Европската унија, УКЛО во Битола со 30 проценти зголемен број студенти. Лео Ристевски, средношколец во насоката-техничар за патен сообраќај, гледа перспектива на Техничкиот факултет.
Според средношколецот Онур, на Битолскиот универзитет има одлични можности.
За Андреј, поевтино е да се студира дома.
Европската диплома, носење клучни одлуки слушајќи го гласот на студентите како и одличните стипендии се важниот фактор кој го определи мнозинството за УКЛО.
Претседателот на студентите вели дека можноста да се студира европски е главната причина која ги остави младите дома.
А, знаењето зависи и од праксата.
Универзитетот потпиша договор со Регионалната комора – Битола, со што се гарантира квалитетна наставна пракса.
УКЛО е прв македонски универзитет, член на Европска универзитетска алијанса.
Ружица Ѓоршевска
