Јавен сервис

97. Оскари вечерва ексклузивно на МТВ

02.03.2025 10:53

Вечерва од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од 97-тото доделување на Оскарите, престижната филмска награда на Академијата за филмски уметности и науки...

Вечерва од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од 97-тото доделување на Оскарите, престижната филмска награда на Академијата за филмски уметности и науки.

Водечки во овогодишните номинации за Оскар е филмот „Емилија Перез“ со 13 номинации, по што следат „Бруталист“ и „Злите“ со по 10 номинации, а „Целосно непознато“ и „Конклава“ ги заокружуваат главните кандидати со по осум номинации.

Церемонијата на доделувањето на наградите ќе се одржи во театарот Долби во Лос Анџелес, каде што се прават завршните подготовки на црвениот тепих. За прв пат домаќин е Конан О’Брајан.

Преносот ќе започне триесет минути по полноќ со Црвената патека пред театарот Долби во Холивуд и пристигнувањето на најголемите имиња од филмската индустрија, кратки интервјуа со номинираните и со поранешни добитници на Оскар.

Во еден часот по полноќ започнува 97-та Оскаровска церемонија која ќе ја води Конан О’Брајан, а многу холивудски имиња ќе бидат дел од шоуто, како Роберт Дауни џуниор, Килијан Марфи, Опра Винфри, Хале Бери, Скарлет Јохансон, Голди Хон, Селена Гомез и многу други.

Скратената двочасовна снимка „97-ми Оскари: Победници“ ќе се емитува во понеделник од 21.15