Турција: Продолжуваат апсењата во аферата за прислушување на Ердоган
Аферата за наводното прислушување ја тресе Турција во пресрет на изборите на 10-ти август на коишто Ердоган очекува победа како прв директно избран шеф на држава...

Најмалку 25 полициски офицери од 14 покраини низ Турција се приведени во склоп на истрагата за шпионирањето и прислушувањето на премиерот Ердоган и неговите соработници.
Аферата за наводното прислушување ја тресе Турција во пресрет на изборите на 10-ти август на коишто Ердоган очекува победа како прв директно избран шеф на држава. Досега претседателот на Турција го избираше парламентот.
Ројтерс наведува дека истрагата е насочена против т.н. паралелни структури во државата и против институциите лојални на исламскиот свештеник Гулен кого Ердоган го обвинува дека сака да го собори од власт и тврди дека неговите приврзаници се потенцијална опасност за националната безбедност.
