Заврши масовниот протест во Ниш
Најголемиот центар во јужна Србија беше блокиран 18 часа од десетина илјади граѓани, кои решија да ги поддржат студентите во барањето одговорност за трагедијата со натстрешницата во Нови Сад...

Заврши масовниот протест во Ниш. Најголемиот центар во јужна Србија беше блокиран 18 часа од десетина илјади граѓани, кои решија да ги поддржат студентите во барањето одговорност за трагедијата со натстрешницата во Нови Сад.
Учесниците на протестот, насловен „Студентски едикт“, во 23 часот и 52 минути со молк им оддадоа почит на 15 жртви. Ова беше петтиот масовен митинг што се одржа во Србија, во бранот повеќемесечни протести.
Со блокадата на студентите се опфатени 60 факултети во државата, а прекин на работата има и во некои основни и средни училишта.
