Струмица

Блесок и превирања на годинашниот Струмички карневал

02.03.2025 13:31

Во Струмица кулминираа карневалските свечености. Цели три часа траеше главното дефиле, кое понуди одлични костими, креации и силни пораки. И додека на улиците имаше карневалска магија, градоначалникот побара смена на организаторите. Тие, пак, му возвратија дека јавноста ќе суди дали погрешиле...

Шаренило од бои, одлични креации, сценски настапи, интересни пораки. Сето ова го понуди годинава струмичкиот карневал кој уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите во Европа. Повеќе од два часа траеше дефилето по струмичките улици каде учесниците ги претставија своите маски

Задоволство од квалитетот изрази и првиот човек на градот, Костадинов. Сепак тој останува на фактот дека мора да има смена на организацискиот одбор и освежување со нови лица

Претседателот на градскиот комитет на ФЕКК не сакаше да ја коментира најавата на градоначалникот. Кажа дека Струмичкиот карневал и годинава високо се позиционирал со својот квалитет

Вкупно 35 маски од земјава и странство учествува на годинашново карневалско дефиле по струмичките улици. Карневалот трае до среда со тримерските празнувања.

Ване Трајков