Економија

Минималната плата ја убива продуктивноста, велат експертите

02.03.2025 16:39

Економистите гледаат простор за зголемување на минималецот, но предупредуваат – клучно за повисоки плати е да порасне продуктивноста на трудот.

Стопанството тешко може да се справи со растот на платите, а податоците за продуктивноста тоа го потврдуваат, велат експертите. Според професорот Лазар Јовевски, работниците заслужуваат повисоки плати, но само ако се продуктивни.

И професорот Синиша Наумовски е на став дека платите мора да растат. Така и работниците ќе бидат помотивирани. Но, без продуктивност, не може да очекуваат подобри резултати.

На потег се работодавачите и синдикатите. Конечната одлука ќе ја донесе Економско-социјалниот совет во текот на месецот.

Минимална плата во моментов земаат 10.000 работници. Нешто над тоа сè уште 20.000 луѓе.

 

Борис Грујоски