Земјоделство

Трибина: Земјоделското земјиште целосно да се стави во функција за помала увозна зависност за храна

02.03.2025 16:45

Земјоделското земјиште целосно да се стави во функција за повеќе да не бидеме увозно-зависни за храна, но и да се спроведат зацртаните стратегии – ова е заклучокот од трибината посветена на аграрот, што ја организираше ВМРО-ДПМНЕ...

Квалитетна почва, над 280 сончеви денови, изобилство на водни ресурси. Предусловите за квалитетно земјоделство ги имаме, но негрижата во изминативе години не направи увозно зависни од храна, рекоа говорниците на трибината на ВМРО-ДПМНЕ.

Стратегија за развој има, но едвај 30 проценти од неа е реализирана. Увозно зависни сме поради недостатокот на сигурен пласман за домашните производи и квалитетот на животот во руралните средини. Сето негативно во земјоделството мора да се поправи.

На трибината истакнато дека површините за наводнување се намалиле од 27.000 во минатото на 13.500 хектари денес.

 

Миле А. Ристески