Јапонија воведе санкции против Русија

05.08.2014 11:22

Јапонија формално одобри дополнителни санкции за Русија кои вклучуваат замрзнување на имотот на 40 поединци и две групи коишто ги поддржуваат проруските сили во Украина и забрана за увоз на производи од Крим.

Според властите, санкциите се во согласност со мерките коишто против Русија ги воведоа ЕУ и САД. И покрај овие мерки, Јапонија истакнува дека е отворена за дијалог со Москва и се надева дека ќе придонесе за мирно решавање на ситуацијата во соработка со меѓународната заедница и земјите членки на Г7.