Над 600 маски на дефилето на карневалот во Прилеп
Преку 600 маскирани, предводени од прилепските мечкари, продефилираа на меѓународниот карневал прочка во градот под Маркови кули. Кулминираа тридневните карневалски свечености...

Преку 600 маскирани беа дел од големото дефиле во Прилеп како кулминација на карневалските свечености по 23-ти пат.
На карневалот се маскираа и млади и стари. И не само од Прилеп, туку и од повеќе градови. Маскираните со маските ги испратија своите пораки.
Големото карневалско дефиле го предводеа прилепските мечкари-заштитна маска на карневалот. Велат, со подмладокот се одржува традицијата. А дождот на Прочка, е порака да се искупиме за гревовите
Тридневните карневалски свечености во Прилеп донесоа и изложба на маските и презентација на прочкарските обичаи.
Елизабета Митреска
