Свет

Европски мировен план за Украина

02.03.2025 17:15

Од самитот за поддршка на Украина во Лондон, најава за нов мировен план на којшто работат Британија и Франција. Документот потоа ќе им биде претставен на САД. Планот предвидува учество на уште еден или двајца партнери во „коалицијата на подготвените“, кој вклучува разговори до каде ќе се повлече границата меѓу Украина и Русија...

Од самитот за поддршка на Украина во Лондон, најава за нов мировен план на којшто работат Британија и Франција. Документот потоа ќе им биде претставен на САД. Планот предвидува учество на уште еден или двајца партнери во „коалицијата на подготвените“, кој вклучува разговори до каде ќе се повлече границата меѓу Украина и Русија, распоредување на 30 илјади мировни сили по склучувањето мир, но со комуникациска, логистичка и воздушна поддршка од САД, на што Вашингтон допрва треба да се согласи.

Италијанската премиерка Мелони смета дека е потребен траен одржлив мир во Украина и оти сите треба да се продолжат да работат заедно, вклучувајќи ги САД.

„Многу е важно да разговараме едни со други, да се координираме. Украина има многу стратешки теми на кои работевме многу добро заедно и сигурна сум дека ќе направиме уште подобро, за енергијата, за одбраната, за безбедноста.“, изјави Џорџија Мелони-премиерка на Италија

Полскиот премиер се заложил за повеќе европски сили во Финска, балтичките држави и долж границата на Полска со Русија и Белорусија. Тој рече дека е потребно Европа да разбере дека е глобална сила.

„Слушнете сами како звучи: 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги одбранат од 140 милиони Руси. Ако умееш да сметаш, сметај на себе. Не изолирано, туку со целосна свест за својот потенцијал. Денес, во Европа, не ни недостига економска сила, луѓе, туку верување дека сме глобална сила“, изјави полскиот премиер, Доналд Туск.

Москва експресно одби дека ваквиот британско-француски мировен договор може да стави крај на војната.

„Овој план на мировници во Украина е продолжение на поттикнувањето на режимот во Киев да води војна против нас. Како што го доведоа украинскиот претседател Зеленски на власт „на бајонети“ и го туркаат напред, сега сакаат да го поддржат со своите „бајонети“ во форма на мировни единици. Но, тоа ќе значи дека основните причини за конфликтот нема да исчезнат“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

За време на посетата на Лондон и средбата Стармер – Зеленски, потпишан е договор за заем од 2,2 милијарди фунти за поддршка на украинската одбрана.

Ирина Гелевска