Политика

Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија

03.03.2025 08:14

За време на Самитот ќе се одржат и билатерални средби меѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следува заедничка седница.

Денеска и утре во Будимпешта се одржува унгарско-македонски владин самит. Нашата делегација ја предводи премиерот Мицкоски, кој ќе оствари тет-а-тет средба со унгарскиот премиер Орбан.

За време на Самитот ќе се одржат и билатерални средби меѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следува заедничка седница.

Шефот на дипломатијата Муцунски со унгарскиот министер за надворешни Сијарто ќе потпишат акциски план за размена на експертиза од унгарската дипломатска академија за јавни службеници, поврзана за европската интеграција и процесите на администрацијата на МНР.

Премиерите Мицкоски и Орбан ќе имаат и заедничка прес-конференција.