Економија

ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра

03.03.2025 08:27

Од Владата оставаат да се договорат синдикатите и работодавачите, додавајќи дека немаат ништо против ако работодавачите можат да исплаќаат минималец повисок од законскиот, но дека субвенционирањето придонеси не е во агендата на Владата.

Минималната плата треба да се усогласи овој месец и според пресметките, зголемувањето би изнесувало околу 1.800 денари. И синдикатите и бизнис секторот се согласни дека минималната плата треба да биде повисока од законското усогласување, со кое минималецот ќе изнесува околу 24.400 денари. Синдикатите бараат минимална плата од 30.000 денари и го поддржуваат предлогот на работодавачите за замрзнување на придонесите.

Од Владата оставаат да се договорат синдикатите и работодавачите, додавајќи дека немаат ништо против ако работодавачите можат да исплаќаат минималец повисок од законскиот, но дека субвенционирањето придонеси не е во агендата на Владата.

Сојузот на синдикати на Македонија денеска се очекува до Владата да го достави предлогот со кој ќе побара зголемување на минималната плата и на сите останати плати. Оттаму за денеска во 12 часот закажаа прес-конференција на која ќе се обрати претседателот на ССМ.

Според ССМ, 24.400 денари колку што би била минималната плата согласно законското усогласување се премалку за работниците имајќи ги предвид трошоците на живот. Затоа се надеваат дека работодавачите ќе покажат добра волја и ќе го прифатат нивното барање.