По две децении примирје, повторно судири во Нагорно- Карабах

05.08.2014 11:25

Најмалку 18 војници загинаа во судирот меѓу Азербејџан и Ерменија...

По 20 годишно примирје, нова ескалација на состојбата во спорниот Кавкаски регион, Нагорно-Карабах. 

Најмалку 18 војници загинаа во судирот меѓу Азербејџан и Ерменија. Русија, САД, ЕУ и генералниот секретар на ОН изразија загриженост поради влошувањето на ситуацијата и ги повикаа двете страни да го почитуваат прекинот на огнот.

Останува нејасно што го предизвикало последниот бран насилство.