Македонија

Научна конференција за новите предизвици во високото образование и синдикалното движење

03.03.2025 08:39

Конференцијата ќе се одржи во Ректоратот на УКИМ, а најавени се обраќања на ректорката Биљана Ангелова и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ по повод петгодишниот јубилеј од основањето денеска организира научна конференција на тема „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“.

Конференцијата ќе се одржи во Ректоратот на УКИМ, а најавени се обраќања на ректорката Биљана Ангелова и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

На конференцијата ќе учествуваат ректори, професори и претставници од синдикатите на државните универзитети.

Целта е да се даде придонес во подобрување на регулативата со која се уредува високото образование, во интерес на научно-образовниот процес и студентите.