БЛИСКИ ИСТОК

Израел размислува за продолжување на војната во Газа со ново американско оружје

03.03.2025 09:25

Според израелски медиуми, следните фази на планот на Израел за „максимален притисок“ предвидуваат повторно преместување на населението во Газа од север на југ, како што беше случај во поголемиот дел од војната...

Израел планира постепено да го зголемува притисокот врз Хамас за да го прифати новиот предлог за продолжување на првата фаза од договорот за прекин на огнот и да обезбеди ослободување на сите заложници, покрај вчерашното запирање на хуманитарната помош.

Според израелски медиуми, следните фази на планот на Израел за „максимален притисок“ предвидуваат повторно преместување на населението во Газа од север на југ, како што беше случај во поголемиот дел од војната.Конечната планирана мерка, пишува израелскиот медиум, наводно е целосно враќање на војната, овој пат со оружја од САД што новата администрација му ги испраќа на Израел.