МВР

Приведен крадец во Гостивар

03.03.2025 21:10

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.

Вчера во 14.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(25) од Република Албанија. Тој се сомничи дека претходно во верски објект во Гостивар одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од с.Долна Бањица, гостиварско.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.