Трговија
Утре стапуваат во сила американските царини за увозот од Кина
03.03.2025 10:32
Кинескиот претседател Си Џинпинг, предупреди дека ќе се спротивстави со контрамерки...

Утре стапуваат во сила американските царини за увозот од Кина од 10 на 20 насто, што веќе предизвика нови тензии во глобалната трговска политика. Кинескиот претседател Си Џинпинг, предупреди дека ќе се спротивстави со контрамерки.
Глобалната економија и финансиските пазари веќе ги чувствуваат последиците, акциите на водечките американски и европски компании паднаа, додека трговските и индустриските индекси беа под голем притисок.
Во исто време, Европската унија и Канада се подготвуваат за можни реципроцитетни мерки кон САД за најавените такси од 25 насто.
