НБА

Јубилејна 1.000 победа на Леброн Џејмс во НБА

03.03.2025 11:42

Четирикратниот МВП во НБА-лигата ја забележа својата 1.000-та победа во регуларниот дел од сезоната.

Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска ги совладаа Клиперси со 108:102. Првата ѕвезда на лејкерс, Леброн Џејмс постигна 17 поени, пет скока и девет асистенции. Четирикратниот МВП во НБА-лигата ја забележа својата 1.000-та победа во регуларниот дел од сезоната.

Ова достигнување го рангира 40-годишнито Џејмс на на четвртото место во историјата, зад Карим Абдул-Џабар (1.074), Роберт Периш (1.014) и Тим Данкан (1.001). 

Во тековната сезона во најсилната кошаркарска лига на светот, Џејмс има просек од 24,9 поени, 8,1 скока и 8,6 асистенции.