Елмас со гол го предводеше Торино до гостинска победа

02.03.2025 18:07

Елмас му донесе водство на Торино во 41 минута, а победата на гостинскиот тим ја запечати Чезаре Касадеи во 66 минута.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го постигна вториот гол во дресот на Торино придонесувајќи во триумфот на неговиот клуб на гостувањето во Монца со 2-0 во рамки на 27 коло во италијанската Серија А.

Елмас му донесе водство на Торино во 41 минута, а победата на гостинскиот тим ја запечати Чезаре Касадеи во 66 минута.

За Елмас ова е втор гол во дресот на Торино, откако на крајот на јануари дојде во клубот како позајмен фудбалер од бундеслигашот Лајпциг.

Македонскиот репрезентативец мина на теренот 90 минути, пред да биде заменет во судиското продолжение од Карол Линети.

Торино со 34 бодови е на 11 место на табелата пред следниот натпревар на гостински терен против Парма.

 

Фото/ Извор: МИА