Николоски: Владините политики во авиосообраќајот даваат конкретни резултати
Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во неделата и тоа во четврток и во недела на релација Амстердам-Скопје-Амстердам, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на социјалните мрежи.

Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам. Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во неделата и тоа во четврток и во недела на релација Амстердам-Скопје-Амстердам, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на социјалните мрежи.
Ова е нова можност граѓаните да ги искористат бенефитите од воведувањето на нови дестинции низ Европа и светот. За многу кратко време успеавме да овозможиме нови десетина дестинации од двата домашни аеродроми со што даваме силен поттик и развој на воздушниот сообраќај, поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните- напиша Николоски на својот Фејсбук профил.
Во четврток, авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 9:35 часот, а ќе полетуваат кон аеродромот Шипхол во 10:25 часот. Во недела, Трансавиа ќе слетува во главниот град на Македонија во 20:45 часот, а ќе полетува кон главниот град на Холандија во 21:35 часот.
