ГЕРМАНИЈА

Најмалку едно лице загина откако автомобил се забил во толпа пешаци во Манхајм

03.03.2025 14:19

Според очевидци, осомничениот возел црн џип и со голема брзина намерно удрил во толпата...

Најмалку едно лице загина откако автомобил управувано од засега непознато лице се забил во толпа пешаци во центарот на германскиот град Манхајм. Според очевидци, осомничениот возел црн џип и со голема брзина намерно удрил во толпата.

Сè уште е непознато колку луѓе се повредени во инцидентот. Во тек е голема полициска акција и потрага по сторителот.

Инцидентот се случува само две недели откако во сличен напад во Минхен загинаа две лица.