Супер цена за полна сала
Македонските кошаркари го започнуваат патот за Евробаскетот в година. Белгија е првата пречка која ќе се исправи в недела во Скопје.
Арената ”Борис Трајковски“ ќе биде убаво ако е исполнета, за да се даде потребната подршка на нашата видоизменета селекција. За 100(горните трибини) и 150 денари(партер трибината) ќе се има можност да се бодри македонскиот национален тим. Од македонската куќа на кошарката најавуваат дека влезниците ќе бидат пуштени во продажба во текот на утрешниот ден.

Потсетуваме, натпреварот се игра в недела(10 август) во СЦ ”Борис Трајковски“ со почеток во 20.30, 5 минути порано ќе се вклучат камерите на МРТ за пренос на прва.